МВР: 150 граѓани биле приведени за кршење на полицискиот час, а 386 не носеле маска

by fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев информира дека на територијата на целата држава се спроведува ограничување на движењето.

-Министерството за внатрешни работи во контиутитет презема мерки за заштита на здравјето и животот на граѓаните.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Подделени по Сектори за внатрешни работи, забраната за движење не ја почитувале:
СВР Битола 9
СВР Велес 5
СВР Куманово 7
СВР Охрид 11
СВР Скопје 90
СВР Струмица 12
СВР Тетово 7
СВР Штип 13

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 7862 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 386 прекршок во изминатото деноноќие.

Подделени по Сектори за внатрешни работи, уредбата за носење лична заштита во изминатите 24 часа не ја почитувале:
СВР Битола 41
СВР Велес 30
СВР Куманово 3
СВР Охрид 105
СВР Скопје 18
СВР Струмица 24
СВР Тетово 41
СВР Штип 24

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 425 контроли во објекти при што евидентиран е 14 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 82 лица, соопшти Чулев.

Поврзани новости