Музички гости од регионот со настапи во Скопје и Струмица

by fokus

Балканската музичка ѕвезда Тони Цетински доаѓа во Скопје и ќе има свој настап во музичкиот бар Intermezzo. Неговото гостување ќе се случи на четврти октомври, а од локалот уверуваат дека сите забави кои се одржуваат таму се според здравствените протоколи.

Цетински не е единствената ѕвезда од регионот, која ќе гостува во музичкиот бар. Во август свои настапи имаа и Петар Грашо, Фрајле, Вук Смиљаниќ, Надежда Димитријевиќ и други.

Исто така, најавен е концерт на Тони Цетински и во барот Аватар во Струмица, на втори октомври. Наредната вечер, во Аватар гостува Девито, а од локалот информираат дека според препораките, бројот на гости ќе биде ограничен.

Вики Клинчарова

Поврзани новости