Музичка забава на покривот на „Сити мол“ од 19.30 часот, жителите на Карпош се „поканети“ на своите балкони

by fokus

Саботна музичка забава вечер од 19:30 до 21:30 часот ќе организира Општина Карпош на покривната површина на Трговскиот центар „Сити мол“. Преку овој настан, Општината ги повикува сите карпошани во овој период да излезат на балконите од своите домови и да уживаат во добра музика.

За музичкиот дел, задолжен ќе биде DJ Babura Junior, а како што се наведува во соопштение, настанот ќе може да се следи и во живо на фејсбук страниците на општината и DJ Babura Junior.

-Карпош продолжува да пулсира во духот на урбаното, во духот на маалскиот соживот и меѓугенерациска дружба. DJ Babura Junior ќе не потсети на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика. Во период на полициски час, ќе имаме можност да уживаме во добра музика и да дадеме поддршка на домашната музичка сцена, соопштија општинските власти.

Поврзани новости