Музичарите бараат промена на протоколите за да работат

by Фокус 13:35
13:35

Итна средба со сите релевантни институции, ревизија на сите протоколи кои се однесуваат на музичарите со цел нивна измена и дополнување, месечни состаноци со Комисијата за заразни болести и поголема застапеност на македонските музичари во медиумите, побара денеска Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика – сега“.

-Бараме итна средба со сите релевантни институции на која ќе бидат продискутирани сите актуелни проблеми на целата фела, и ќе пробаме заеднички да изнајдеме механизми за помош и поддршка од Владата, а притоа ние како Здружение, заедно со сите негови членови, односно разни групи и музички проекти од коишто сме дел, ќе се понудиме да помогнеме и да организираме музички настани ширум целата држава, при што би биле опфатени сите музички правци и со правична застапеност на сите етникуми во Македонија, за кои секако музичарите би добивале хонорари со кои ќе можат да ги преживеат следните четири/пет месеци, додека гледаме рестриктивните мерки и протоколи се заоструваат – рече на денешната прес-конференција претседателот на Здружението, Трајко Симоновски.

- Advertisements -

Тој вели дека ограничувањата за музиката изразени во децибели се смешни и истакнува дека голем дел од музичарите во земјава се на работ на егзистенција. Затоа, според него, потребни се итни мерки за да почнат да работат.

-Искрено се надеваме дека може и ќе продложиме до Владата и Министерството за култура да се одвојува дел од годишните општински буџети за организирање на музички настани на територијата на цела држава, а исто така и децентрализација на буџет преку Министерството за култура кое смета дека треба да биде наш заштитник, поддржувач и помагател на сите проекти кои вредат и заслужуваат да бидат претставени пред јавноста на крајот на краиштата овие органи треба да постојат за унапредување на културата, културно издигнување на индивидуалецот – посочи претседателот на Здружението.

Поврзани новости