Муцунски со Агелер: Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици

by Fokus

„Денеска остварив средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер“, објави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и додаде:

„На средбата го потврдивме силното и стратешко партнерство меѓу нашите две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво, реализирани во изминатиот период.

Истовремено, ја истакнавме важноста од поттикнување на економската соработка, привлекување инвестиции и поддршка на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото.

Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици, при што ја потврдивме посветеноста на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан. Заеднички изразивме определба за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји“.

Поврзани новости