Муслиу: Предизборната кампања ќе биде една од највалканите!

by Fokus

Аналитичарот Алберт Муслиу за МИА, кој смета дека предизборната кампања ќе биде една од „највалканите“, од причина плус што, според него, партиите во своите блокови немаат голема разлика во анкетите, така што ќе се трудат таа маргина да ја надополнат со негативна кампања.

– Според мене, тоа е погрешно, затоа што искуството во минатото ни покажа дека, па дури ни прислушуваните материјали не беа одлучувачки за граѓаните. Мислам дека треба да се наметне нов ентузијазам за граѓаните, нова надеж, и тоа ќе биде поефективно отколку негативната кампања кон спротивниот блок, рече Муслиу за МИА.

Во врска со лажните вести, кои се сè повеќе присутни, Муслиу смета дека нашите политички гарнитури, секој од свој интерес не покажаа ниту доблест, ниту храброст за да го регулираат тој сектор.

Поврзани новости