Мурињо пристигна на преговори со Интер

by fokus

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо пристигна во Милано и ќе се сретне со извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, објавија италијанските медиуми.

Ова ги засилува гласините од изминатите неколку дена дека Португалецот повторно ќе ги преземе „нероаѕурите“. Тој го предводеше тимот од 2008 до 2010 и запиша „триплета“, освојувајќи ја Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите во 2010 година.

После тоа, кариерата на Мурињо помина низ Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед. Тој беше отпуштен од „црвените ѓаволи“ на 18 декември и моментално е без работа.

Стратегот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети е под постојан притисок, а шансите да добие отказ се огромни, со оглед на последните прикажани игри на Интер.

За нов тренер на Интер, исто така, се споменува името на Антонио Конте. Екс тренерот на Челиз и Јувентус неодамна беше забележан во близина на седиштето на Интер во Милано.

Поврзани новости