Мурињо објасни зошто бил во конфликт со Погба

by fokus

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо проговори зошто имало сериозни недоразбирања со една од ѕвездите на тимот – Пол Погба. Излегува дека францускиот фудбалер правел проблеми на тренерот, кога тој не го ставал во игра.

– Секогаш се обидуваме да најдеме решение на сите проблеми, но има еден проблем, на кој не можам да најдам решение. Кога фудбалерот игра, тренерот му се допаѓа. Но кога не излегува на теренот, тренерот не му се допаѓа. Таква е неговата природа и невозможно е да се промени, рече Португалецот, цитиран од „АС“.

Поврзани новости