Италијанскиот гиган Милан никако да се врати на старите победнички патеки и во изминатите десетина години клубот е во голема криза.

Елиот Менаџментот планира да го врати клубот на врвот во Италија, а според шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, екипата од Милано во иднина планира да го ангажира стратегот Пеп Гвардиола.

Стефано Пиоли кој пред неколку дена беше назначен за нов тренер на Милан е привремено решение, а промени би требало да има и во другите структури на клубот.

Медиуми шпекулираат дека гигантот го посакува Марк Овермарс од Ајакс за спортски директор, кој работи одлично во холандскиот клуб.