Мукоски: Ниту едно дело што сме го направиле не сме го направиле со умисла

by fokus

Ниту едно дејство што сме го направиле не сме го направиле со умисла, а не дај боже таа умисла да биде да го загрозиме уставниот поредок и да повредиме некого, рече пратеникот Крсто Мукоски во неговиот воведен говор како прв меѓу 33 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, пренесе порталот СДК.

Според обвинението, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги креваат гредите со што ги отвораат собраниските врати за да влезе насилната толпа.

Мукоски кажа дека со обвинетите од другите групи не се познава ниту имал контакт, па од тука „не може да станува збор за терористичко здружување како што стои во обвинението“.

Всушност, Мукоски во повеќе наврати во свјот воведен збор превиде дека во обвинието не стои „терористичко здружување“ туку „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, што е различлно дело од она што тој го спомена.

„Особено ми е тешко и криво тврдењето дека сме имале намера некого да повредиме. Не држи ни тезата дека сме се обиделе да го спречиме изборот на Талат Џафери за претседател. Поради тешката квалификација и срамот и флеката со која сакаат да нè оцрнат, имам голема желба да докажеме која е вистината. Ќе докажеме дека сме чесни граѓани“, рече Мукоски.

Тој дададе дека сето она што се случувало во Собранието било во тензична атмосфера, по седници долги и полни со навреди, со страв и чувство на несигурност и над 60 дена протести пред Собранието.

Поврзани новости