Мукаетов доби поддршка за нов мандат во РФМ

by fokus

Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов доби поддршка за нов мандат кој ќе трае во следните четири години.

На 31 јануари ќе се одржи Изборно собрание во хотелот „Александар палас“ во 12 часот. Мукаетов доби комплетна поддршка за кандидатура од сите делегати кои учествуваат на собранието. Според тоа, Мукаетов на 31. јануари ќе биде реизбран за прв човек на ракометната федерација.

Делегатите или клубовите немаат право да го менуваат гласот на денот на гласањето според статут.

Мукаетов од 2013 година е на чело на РФМ, а со новиот мандат таму ќе остане до 2025 година.

Поврзани новости