Мухиќ: На ЕУ и одговара ова што го прави Бугарија кон Македонија

by Фокус

Апсурдно е да се негира нечија националност и да се крши нечие право на самоопределување што е содржано и во самата Конвенција за човекови права, нагласи универзитетскиот професор Ферид Мухиќ во „Само интервју“  на Канал 5.

-Ме вџаши мотивот на бугарското вето. Ако доброволно не го сменевме името, ќе ни беше наметнато. Со промените, немаме наша историја до седмиот век, а од тогаш некој сака да покаже дека историјата ни е заедничка со Бугарија. Тоа е нешто за што не треба да се разговара. И јас сум дел од изненадените во поглед на односот и мотивот на Бугарија за блокирање на почетокот на преговорите со Европската Унија. Тоа е несфатливо – рече Мухиќ.

Според него, правото на самоопределување е суверено, но Бугарија експлицитно ги крши Конвенциите за човекови права.

-Иван Асен Втори е подемот на бугарската историја додека Цар Самоил е Ермен и своето царство го основал на македонска територија. Да не забворавиме дека Турција беше овде до 1911 година до кога немаме никаква заедничка историја. Ова е без преседан. Сепак, на ЕУ им одговара ова што го прави Бугарија и сметам дека генерално се земјите членки скептици кон Западен Балкан – истакнува Мухиќ.

Поврзани новости