Мухиќ: Како може да сум гласал за Договорот, кога не бев во Парламентот?

by fokus

Пратеникот Ферид Мухиќ во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека тој не гласал за Договорот со Грција и во моментот на гласање на бул во Парламентот.

-Во моментот не ни бев во Парламентот, како може да сум гласал „да“ или „не“. Договорот со Грција без преседан е најбесмисленииот и најпарадоксалниот договор, камен од камен не остана од нас. 27 години сум против тој договор, вели Мухиќ.

Тој додава дека со Договорот се бришат сите етникуми во Македонија, не само Македонците туку и Албанци, Турци, Власи, Турци, Роми и неговата цел е прекројување на границите на Балканот и раздвојување на христијните и муслиманите.

Поврзани новости