Мухамед Зеќири: Телохранителите на Мијалков ме нападнаа и со туркање се обидоа да ме извадат од локалот

by Fokus

Пратеникот од опозицискиот СДСМ, Мухамед Зеќири вечерва во кафулето Дион бил нападнат од обезбедувањето на екс шефот на УБК, Сашо Мијалков. Тој за „Фокус“ ја потврди информацијата, објаснувајќи што се се случувало вечерва додека бил излезен со пријатели на пијачка.

– Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара тоа од нив. Додека седевме во Дион, дојде едно лице и ни рече да го напуштиме веднаш локалот затоа што имало приватна забава. Јас се потрудив да му објаснам дека имаме резервирано маса, но тој ја преврте. Се обидоа со туркање да ме извадат надвор. Во меѓувреме забележав дека во локалот е Јордан Мијалков. Еден од лицата извади полициска значка, а друг од позади ме удри – тврди Зеќири.

Тој со своето друштво излегол од локалот и случајот веднаш го пријавил во полиција.

 

Поврзани новости