Му се заканувал со пиштол на обезбедувањето и нападнал двајца полицајци

by Fokus 16:35
16:35

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Гостивар, за сторени кривични дела ,,Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „Загрозување на сигурноста“.

Според информациите во полицискиот билтен, на 27.06.2018 година околу 11,25 часот, во Гостивар, на улица „Илинденска“, пријавениот, од патничко возило, со пиштол упатил закани по животот кон  вработен во агенцијата за приватно обезбедување кој вршел обиколка на објектите што ги обезбедува агенцијата. По ова, околу 12,50 часот во Гостивар на улица ,,Мара Угриноска“, при преземање на службени дејствија за приведување на Д.К., истиот физички нападнал двајца полициски службеници. Д.К. е  приведен, а при претрес во патничкото возило бил пронајден и одземен пиштол ,,SHUANG WEI c18“.

- Advertisements -

Од страна на Основен суд Гостивар на пријавениот му била изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Поврзани новости