Му се заканувал и го удрил со пиштол, обвинувајќи го дека го удрил возилото на зет му

by Fokus

Шеесет и едногодишен тетовчанец бил обвинет и натепан дека удрил возило, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 21,30 часот во Полициското одделение Камењане, К.М. (61) од с.Боговиње-тетовско пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот во неговата куќа дошло непознато лице и тропало на вратата од дворот. К.М. излегол и лицето го прашало зошто го удрил возилото на зет му, по што извадило пиштол и го удрило во пределот на устата.

На К.М. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, од каде бил упатен во комплексот клиники “Мајка Тереза“- Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости