Му раскинала, и барал 2.000 евра бидејќи бил повреден и се заканувал дека ќе и го земе детето на кое не бил татко

by Fokus

Бивш дечко ја терал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и можел да и го земе детето, на кое не бил татко, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало. Откако на 30.04.2018 година ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз нејзиното дете, на кое тој не бил родител. Тој и се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости