Му копа гроб на Заев, има тетоважа со ликот на Мијалков

by fokus 14:46
14:46

Штипјанецот Ангеле Зафировски, чија што фотографија со плакат испишан со морбидна ,,поезија’’ денес се најде во повеќе медиуми, на јавноста и познат уште од пред околу три години.

Тој беше топ тема во земјава, откако во 2014 година за дневниот весник ,,Вест’’ се разголе и гордо ги покажа своите тетоважи. Имено, неговото тело го красат ликовите на Сашо Мијалков и на неговиот син Јордан. За нив Зафировски тврдеше дека му го спасиле животот помагајќи му околу лекување, па знак на благодарност решил да ги овековечи со тетоважи поранешниот директор на УБК и неговиот син.

Исто така, раскажа дека популарната песна ,,Ангела’’ од неговиот сограѓанин, штипјанецот Зоран Ванев била созадена во чест на неговата ќерка Ангела, која што заминала во странство.

Ангеле не е единствениот во земјава, кој што од љубов си истетовирал лик на политичар на своето тело. Минатата година ,,Фокус’’ пишуваше за неготинчанецот Мирче Ризов, кој што пред околу пет години си го истетовирал ликот на Никола Груевски, неговото име и презиме и крст.

Тој тогаш ни кажа дека со тетоважите, дури и кога ќе замине во гроб, ќе си го понесе Груевски со себе, бидејќи за него важела паролата ,,ВМРО до гроб’’.

Вики Клинчарова

Поврзани новости