Му ја разбил главата со безбол палка

by Fokus

Триесет и двегодишниот Т.В. бил претепан со безбол палка, при што почнал да ја губи свеста и паднал на тротоарот, информираат од МВР.

Според информациите од полицијата, вчера во 23,30 часот во Полициска станица Драчево Т.В.(32) пријавил дека истиот ден околу 16,00 часот на ул. Иван Хаџиниколов на автобуската постојка во близина на пазарчето додека го испраќал неговиот другар Е.Х. до нив застанало возило од кое излегол Н.Ѓ. од населба Драчево држејќи бејзбол палка во рацете. Откако започнал расправија со пријавителот го удрил со тупаница, по што Т.В. се исплашил и почнал да бега, но Н.Ѓ. го стигнал и со безбол палката го удрил на задниот дел од главата  при што му нанел повреда од која почнал да крвари  и да ја губи свеста и паднал на тротоарот. Потоа Н.Ѓ. влегол во возилото и се одалечил.

На оштетениот му е укажана лекарска помош во амбулантата во Драчево, а потоа се упатил во Градската општа болница Св. Наум Охридски за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости