Му ја „исцедил“ картичката од банкомат, го оставил без 30.000 евра

by fokus

79-годишниот Ј.Х. од тетовското село Орашје останал покус за 1.814.250 денари, или околу 30.000 евра, откако му ја украле картичката за банкомат од неговата трансакциска сметка.

Две години неговата картичка била неовластено „празнета“, откако му била украдена во 2015-та година.

Министерството за внатрешни работи за кражбата го сомничи 35-годишниот Љ.М. од тетовското село Доброште. Против него е поднесена кривична пријава.

Поврзани новости