Му го пресекле патот со возило и го тепале со метални предмети и тупаници

by Fokus

Дваесет и шестгодишен скопјанец пријавил дека две лица го претепале, додека управувал со своето возило, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 07,30 часот М.Р.(26) во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека истиот ден околу 04,30 часот на улицата “Благоја Стефковски“ додека управувал со неговото возило, патот му го пресекло друго возило и од истото излегле две лица и физички го нападнале на тој начин што едниот од нив со метален предмет го удрил неколку пати во пределот на главата, а другото лице го удирал со тупаници по што влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости