Му го грабнал воланот на шоферот од ЈСП и удрил во приватен автобус, тепачката продолжила на постојката

by fokus

МВР вечерва излезе со соопштение за тепачката која се случи на Бит Пазар. Од Министерството информираат дека три лица завршиле на Ургентниот центар, а едно лице е приведено.

-Нарушувањето започнало на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр. 20. Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци. Повредени се три лица кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар. За сега е приведено едно лице Р. Б. и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството, стои во соопштението на МВР.

Поврзани новости