Му доцнела платата, па подметнал пожар и ги убивал соседите кои бегале од огнот

by fokus

Јужнокорејската полиција уапси 42-годишен маж обвинет за подметнување пожар и убиство на пет лица.

Според полицијата, уапсениот прво подметнал пожар во неговиот стан, a потоа со нож ги напаѓал соседите кои се обидувале да побегнат од опожарената зграда.

Притоа, тој усмртил пет лица, меѓу кои и едно 12-годишно девојче, а им нанел повреди на уште 13 други.

Инцидентот се случил во јужнокорејскиот град Џинџу, што се наоѓа југоисточно од Сеул.

Полициски извори соопштија дека напаѓачот по апсењето изјавил оти го сторил сето тоа поради „доцнење на платата“.

Поврзани новости