Му дошле дома, го прободеле во градите и со чаша го удриле по глава

by Fokus

Кумановец бил натепан во сопствениот дом, информираа од МВР.

Според полицијата, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „убиство во обид”. На 02.09.2018 година околу 21.45 часот во домот на Н.Д. (40) на ул.„Доне Божинов“, Љ.М. со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градите на Н.Д., додека пак М.С.(47) го удрил со чаша по главата. Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово,  од каде, по укажаната помош, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Поврзани новости