МТСП за претепаното дете: На таткото му е одредена мерка притвор од осум дена

by fokus 14:15
14:15

Откако беше обелоденета информацијата дека двегодишно дете од Скопје било претепано од својот татко, кој за време на инцидентот бил во алкохолизирана состојба, со свој став се поизнесе и Министерството за труд и социјална политика.

„Министерството за труд и социјална политика е запознаено и постапува по случајот во кој двегодишно дете со телесни повреди на 9 август е примено на детска хирургија. Веднаш по пријавувањето на случајот дека таткото, односно сопругот, извршил семејно насилство врз децата и нивната мајка односно сопруга, специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезе на терен.

- Advertisements -

На таткото му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена,а  здравствената состојба на двегодишното дете е добра и денеска ќе биде пуштено дома. Останатите 3 деца кои вчера беа интервентно сместени во згрижувачко семејство ќе се вратат кај мајката и сите заедно ќе бидат згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Воедно, Центарот ќе иницира постапка за изрекување мерки за времена заштита од семејно насилство.

Семејството е познато на Центарот и по претходни пријави за семејно насилство. Од средината на март до почетокот на април годинава, мајката и четирите деца биле згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Центарот го напуштиле по писмена изјава на мајката дека сака да се врати во домот на сопругот со своите деца, бидејќи ги надминале недоразбирањата и состојбата во домот е смирена“, се вели во соопштението на МТСП.

Поврзани новости