МТСП: Спасов не одговори на 3 клучни прашања

by fokus

Министерството за труд и социјална политика се огласи со реакција по денешното интервју на заменик министерот Диме Спасов, кој шест дена по сообраќајниот инцидент се појави во јавност тврдејќи дека е жртва на криминално-полициска местенка.

-Јавноста и граѓаните на Република Македонија очекуваа одговорност за постапките на неодговорните функционери како Диме Спасов, а не наместени интервјуа за пласирање дополнителни лаги и манипулации. Исто така, Спасов не даде одговор на клучните прашања:

  1. Зошто неовластено управувал возила на АВРМ за приватни цели и покрај задолжените возила на МТСП?
  2. Зошто поттикна друго лице лажно да презеде одговорност за инцидентите?
  3. Зошто и тој и директорот на Агенцијата за вработување се повикуваат на непостоечки документ – договор за некаква техничка соработка

Од Министерството велат дека Спасов не е достоен да ја извршува функцијата дополнителен министер за труд и социјалана политика и уште еднаш го повикаа да си поднесе оставка.

Поврзани новости