МТСП: Кандидатката за советничка на ВМРО-ДПМНЕ од гевгелискиот Центар за социјални работи агитира за изборите

by Fokus

Министерството за труд и социјална политика известува дека во рамки на редовната работна посета на министерката Мила Царовска на Центарот за социјални работи во Гевгелија, таа имала средба со сите вработени и со директорот на Центарот, Лазо Трајков.

На средбата, Царовска им укажала на вработените дека во текот на изборниот период Центарот не смее да се злоупоребува во партиски цели од припадник на која било партија.

– На директорот на Центарот, му беше посочено дека две лица, вработени во ЦСР Гевгелија, меѓу кои и кандидатката за советничка на ВМРО ДПМНЕ, Ангелина Петкова, се посочени од страна граѓани дека на терен вршат париска агитација кај наранливите категории во општината и дека тој како надлежен треба да преземе соодветни мерки за да ги спречи злоупотребите – се наведува во соопштението од МТСП.

 

 

Поврзани новости