Мрме емотивно: Денеска цел свет ќе застане во чест на македонската химна!

by Фокус

Македонија денеска го игра првиот историски меч на ЕП против селекцијата на Австрија од 18 часот. Нашиот селектор, Игор Ангеловски преку социјалните мрежи напиша емотивна порака во пресрет на денешниот натпревар.

,,Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија, за денес да се чувствува гордо. Денеска цел свет ќе застане во чест на македонската химна. Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја памтам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ, без разлика на вера и нација, за поддршката. Дечки ви благодарам и ве сакам. Одиме по историја”, напиша Ангеловски на својот профил.

Поврзани новости