501
Менаџментот на МПМ се премислил и одлучил засега да нема бркања или згаснување на „Утрински весник“. Ова денеска на вработените во овој весник им било соопштено, по средбата на главната и одговорна уредничка Соња Маџовска со директоратот на МПМ, пренесе ПлусИнфо.
Притоа било нагласено дека, ако има доброволци од „Утрински“ кои сакаат самостојно да си заминат тоа можело веднаш да го сторат.
Новинарите од овој весник денеска во седиштето на Здружението на новинари на Македонија одржаа прес конференција на која истакнаа дека апсолутно се противат на првичниот план на менаџментот на МПМ бројот на вработени од 32, да се намали на 22, или пак да згасне весникот.