Можно е заострување на мерките за заштита од Ковид-19

by fokus

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, најавувајќи можни нови мерки за заштита од Ковид-19.

-Согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не се исклучува можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот, информираат од Министерството.

Оттаму апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.

Поврзани новости