470
Смирување е лична работа. Ние не сме тука да работиме на мирење, туку во интерес на граѓаните. Сите тие како политичка опција тргнале против еден човек, вели актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска во студио 10 на 24Вести.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да ги надмине личните интереси. Можно е да дојде и до нови избори за советници, па да видиме дали повторно ќе ја добијат довербата од граѓаните. Вчера излегов со аргументи за да видам до каде планираат да одат“, истакна Арсовска.