Мотоциклист удрил во бетонска жардињера

by fokus

Вчера во 19:00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, мотоцикл „Хонда ЦБР 600“ со беровски регистарски ознаки, управуван од С.К.(31) од Пехчево удрил во бетонска жардињера.

Притоа, С.К. се здобил со тешки телесни повреди. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости