Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа, се наоѓа во животна опасност

by Fokus

Дваесет и тригодишен струмичанец е тешко повреден откако настана судир меѓу мотоцикл и автомобил, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 18.00 часот на регионалниот пат Струмица-с.Куклиш-с.Банско дошло до судир помеѓу мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.С. (23) од Струмица и патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.З. (42) од Струмица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Поврзани новости