Мотоциклист со тешки повреди хоспитализиран во Клинички центар

by fokus

Дваесетиедногодишно момче е тешко повредено во сообраќајна незгода која се случила на патот Тетово – Волковија. Истиот веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

„На 19.03.2019 околу 20.30 часот на регионалниот пат Тетово – Волковија, се случила  сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(42) од Тетово и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кој го управувал Н.Ц.(21) од Тетово. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во тетовската клиничка болница, од каде бил префрлен во комппекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот“, велат од МВР.

Поврзани новости