Мотоциклист прегазил старица на Партизанска и избегал

by Fokus

Вчера после 22 часот на улицата Партизанска, мотоциклист прегазил старица од Скопје и веднаш го напуштил местото.

„На 15.06.2019 година во 22.55 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, мотоцикл, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Поврзани новости