МОСТ: Значително повеќе групно и семејно гласање

by Фокус 15:07
15:07

Гласањето на 27-ми април беше спроведено ефикасно и без инциденти, со значително зголемување на случаите на групно и семејно гласање, споредено со првиот круг од претседателските избори, се вели во прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ за вчерашните избори.

Според МОСТ на дел од гласачките места избирачките одбори не ги информирале правилно гласачите, односно дека може да изберат за кој изборен процес сакаат да гласаат, туку веднаш им издавале гласачки ливчиња за двата вида избори.

- Advertising -

„Изборниот ден помина мирно, но со зголемен интензитет на мобилизација на гласачите, која во одредени случаи преминуваше во притисок врз нив да излезат на гласање. Ова беше евидентно и од фактот што пред одредени гласачки места забележано беше агитирање и евидентирање на гласачите. За гласањето на болните и немоќни лица спроведено на 26-ти април, за вториот круг од претседателските и за предвремените парламентарни избори биле пријавени 9.218 лица што претставува зголемување во однос на првиот круг од претседателските избори за 24,8 проценти. ДИК најави дека доколку има случаи на непочитување на процедурата ќе преземе мерки, како против ОИК, така и против лекарите кои издавале несоодветна документација. Што се однесува пак до процедурата на спроведување на овој вид гласање, генералната забелешка е дека беше нарушена тајноста на гласањето“, се вели во соопштението на МОСТ.

Граѓанската асоцијација оценува дека во периодот помеѓу двата изборни дена, кампањата се заостри, како во однос на реториката, така и во однос на активностите на терен.

„Четири партиски штабови во Скопје1 и еден партиски штаб во село Канатларци, општина Прилеп,2 беа демолирани, а исто така имаше и инцидент помеѓу активисти на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Скопје. Регионалните координатори на МОСТ од општините Битола, Куманово, Гостивар, Кичево, Струга, Гевгелија, Кочани и Струмица исто така известија и за наводни притисоци врз вработените во јавната администрација. За разлика од првиот круг, беше зголемен интензитетот на водење на негативна кампања. На дел од митинзите беше забележано користење на службени возила, а малолетниците повторно беа присутни на поголем дел од митинзите на сите политички субјекти“.

МОСТ забележува и дека во текот на кампањата беше забележан повик за мобилизација на гласачите по етничка основа, изразен преку барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за освојување на апсолутно мнозинство во Собранието и барањето на лидерот на ДУИ за освојување на 25 пратеници.

– Ваквите повици не придонесуваат кон градење на одржливо мултиетничко и мултикултурно општество – сметаат набљудувачите.

Поврзани новости