МОСТ со првични реакции за одредени нерегуларности

by Фокус 10:04
10:04

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање ќе го следи со 580 набљудувачи, кои ќе покријат повеќе од 15 проценти од избирачките места на територијата на Р Македонија, односно 15 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено местата на кои МОСТ нема статични набљудувачи.

- Advertising -

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. Досега, забележано е:

– Гласачко место 0637 во општина Демир Хисар е отворено во 07:33, поради тоа што на кутијата за гласање пишувало избори за пратеници. По реакција на ИО, била донесена соодветната кутија.

– Гласачко место 2861/1 во општина Центар забележано е читање на глас на имињата на гласачите од страна на ИО.

– Гласачко место 1954 во општина Тетово е отворено со задоцнување од 10 минути поради доцнење со процедурата на подготовка за отворање.

– Гласачко место 1686 во општина Свети Николе, забележан е пропаганден материјал пред гласачкото место.

– Гласачко место 1680 во општина Свети Николе, забележани се неколку лица во дворот на здравствениот дом кои ги евидентираат лицата кои влегуваат на гласачкото место.

Во однос на предвременото гласање, односно гласањето на болни и немоќни лица кое беше набљудувано од страна на 55 набљудувачи на МОСТ преку работата на 55 ИО, забележани се следните нерегуларности: нарушена тајност на гласање

ИО од гласачко место 0112, општина Битола; ИО од гласачко место 1848, општина Струга; ИО од гласачкото место 2844/1, општина Центар со себе не ја носеле гласачката кутија.

ИО од гласачко место 0121, општина Битола и покрај пријавените 4 гласачи со себе го земал целиот кочан со гласачки ливчиња, гласале тројца а ИО не го поништил неискористеното гласачко ливче и истото останало на кочанот.

ИО од гласачко место 1404, општина Прилеп не бил соодветно запознаен со процедурата за гласање на болни и немоќни лица, односно не знаел дали треба да се става печат на гласачкото ливче и дали може да се гласа со пасош. По консултација со ОИК, започнал да ја спроведува процедурата согласно законот.

 

Поврзани новости