МОСТ со 900 набљудувачи ќе ги следи изборите

by fokus

Граѓанската асоцијација МОСТ, ќе ги следи предвремените парламентарни избори со близу 900 набљудувачи на 696 гласачки места избрани спооред случаен и репрезентативен примерок. Ќе бидат распоредени и исто толку набљудувачи со што ќе бидат покриени 20 проценти од вкупниот број на избирачки места на територијата на целата држава.

Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на ГА МОСТ Дарко Алексов, набљудувачите ќе бидат статични и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Ќе распоредат и 55 мобилни тимови со по двајца набљудувачи, кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните набљудувачи, а ќе покриваат и избирачки места кои не се покриени со статично набљудување. Дополнително 80 ОИК ќе бидат покриени со набљудувачи, како и еден набљудувач во ДИК.

– Како и на претходните изборни процеси ГА МОСТ го спрооведува проектот согалсно декларацијата за универзални принципи за непартиско напљудување на изборите од страна на го и  останатите меѓународно призанени стандарди за домашно набљудување на изборите. Жолтите маички со кратки ракави на кои на предната страна стои логото на МОСТ и е испишано мониторинг 2020, овластуивањата од МОСТ и акредитрациите од ДИК и оваа гоидина ќе бидат препознатлив белегг на граѓаните кои ќе бидат дел од нашето набљудувачко смејство. Обележјата и оваа година се разликуваат од оние што важеле претходните години. Набљудувач е оној кој ќе носи маица, овластување и акредитација за изборите за оваа година 2020, рече Алексов.

Со оглед на Ковид пандемијата, Алексов повика на почитувањето на мерките за заштита  и апел до граѓаните да излезат на гласање и да ја исполнат својата граѓанска должност, имајќи предвид дека институциите ги преземаат сите неопходни мерки за гласањето да се спроведе на безбеден начин.

Одговарајќи на новинарско прашање Алексов рече дека со мал број набљудувачи ќе го следат и гласањето на лицата кои се во самоизолација и на болните според своите можности и проценки и доколку имаат солиден број на покриени избирачки места и избирачи кои се поркиени ќе дадат оценка на крај. Нивните набљудувачи при мониторингот во понеделник и вторник нема да влегуваат во домовите на гласачите, заради сопствена и нивна безбеност.

– Не сме единствена држава во Европа и во светот каде што се организираат избори. Изборите беа и помина во Србија, во Хрватска, во Кореја. Следуваат избори во Полска. Изборите во корона опкружување се нешто со што ќе се навикнеме. Нашите набљудувачи ќе се однесуваат согласно препораките заради личната и безбедноста на остантите кои ќе  бидат дел од изборниот процес, рече Алексов.

Инаку, во текот на изборниот ден на бесплатата телефонска линија 080 080 080 граѓаните можат да пријавуваат нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

МОСТ ќе ги соопшти сите потврдени информации од набљудувањето на гласањето на денот на изборите на четири прес-конференции, кои ќе се одржат во 9, 11, 15 и 19 часот. По завршувањето на гласањето ќе биде закажана дополнителна прес-конференција на која ќе биде објавена проекцијата на резултатите добиена од програмата за паралелно пребројување на гласовите (ПВТ).

Прелиминарна оценка за кампањата и за целокупниот изборен процес ќе имаат во четврток на прес-конференција, ден по изборите.

Поврзани новости