МОСТ: Прилепчанец гласал со потпис на сопругата

by Fokus

На најновата прес-конференција, МОСТ истакна дека забележала две неправилности во избирачкиот процес, но во целина констатираше дека немало посериозни неправилности и гласањето се одвива во најдобар ред.

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности.

Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности:

  • На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.
  • На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако едно гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 15,9%, додека до 13 часот е 20,8%.

Поврзани новости