МОСТ: Пендаровски и Силјановска речиси изедначени во првиот круг

by Fokus

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, беа распоредени исто толку набљудувачи, со што беа покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Според податоците добиени од ПВТ програмата, одѕивот на гласачите е 41,67% со маргина на грешка од +/- 0,5%.Процентот на неважечки ливчиња е 4,33%.

Од важечките ливчиња, за првиот круг  од претседателските избори добиени се следните резултатисо максимална маргина на грешка од +/- 0,5%:

  1. Блерим Река – 10,98%
  2. Гордана Сиљановска-Давкова – 44,32%
  3. Стево Пендаровски – 44,7%

НАПОМЕНА: Поради фактот што резултатите за првите два кандидати се во маргината на грешка, НАПОМЕНУВАМЕ дека во официјалните резултати може да има промена во редоследот на првите два кандидати според освоените гласови.

Прелиминарната оценка за спроведените избори Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ја соопшти на прес-конференција која ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

 

 

 

 

Поврзани новости