МОСТ: Набљудувач на „Излези гласај“ се претставил како наш набљудувач!

by Фокус 09:30
09:30

На гласачкото место 0103 во Битола, набљудувач од организацијата „Излези и гласај“ се претставил како набљудувач на МОСТ. Со оглед на фактот дека МОСТ има свој набљудувач на тоа избирачко место, по неговата реакција избирачкиот одбор го завел ова во записникот.

„Фокус“ минатата недела пишуваше за тоа дека не се знае кој ја финансира набљудувачката организација „Излези да гласаш“.

- Advertising -

МОСТ пред Домот на културата во Кичево забележала истакнат пропаганден материјал, а пропаганден материјал имало и пред едно гласачко место во Свети Николе. Во Кочани е најдено ливче од друго гласачко место, гласањето било прекинато и била повикана општинската изборна комисија по што ливчето било поништено. Гласањето продолжило во 08:27. Во Студеничани имало едно гласачко ливче повеќе во кочанот. Истото било фотографирано и однесено во ОИК. Гласачкото ливче било дупликат и го имало и на друго гласачко место.

Пет случаи на семејно гласање се забележани во Ново Село, при што гласале 10 лица.

Во однос на гласањето на болни и немоќни лица набљудувачите на МОСТ забележале дека била нарушена тајност на гласањето во повеќето случаи. Што се однесува пак до гласањето на лицата во затвор, во одделението во Крива Паланка било спроведено гласање само за парламентарните избори.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната izbirackispisok.gov.mk.

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следи со 1.712 набљудувачи, кои ќе покријат 50 проценти од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно 50 отсто од гласачките места во рамките на секоја општина.

Поврзани новости