МОСТ: Мирен почеток на изборите

by fokus

Навреме се отворени избирачките места во земјава и без проблеми од 7 часот утрово тече гласањето во вториот круг за избор на петтиот македонски претседател, информираат од граѓанската асоцијација Мост.

За шеф на државата ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, но само ако на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

Партиите и двајцата претседателски кандидати, Гордана Сиљановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од ДУИ и СДСМ, се надеваат дека на денешното гласање излезноста ќе биде поголема од онаа во првиот круг, и оти изборниот процес ќе заврши успешно. Вчера успешно и без проблеми заврши гласањето на болни и немоќни, на притворени, затворени и раселени лица.

Поврзани новости