МОСТ: Еден гласал за шестмина, семејно гласање…

by Фокус 13:36
13:36

Набљудувачите на МОСТ по третпат излегоа со низа нерегуларности затоа што се случува на петите по ред претседателски и осмите по ред предвремени парламентарни избори. Според нив забележани се следниве неправилности на гласачките места:

–         На ГМ 0396 во општина Гостивар член на ИО од друго избирачко место стоел позади параванот при гласањето на 6 лица и гласал наместо нив.

- Advertising -

–         На ГМ 0398 во општина Гостивар членовите на ИО и останатите присутни на гласачкото место не носат беџови.

–         На следните гласачки места е забележано групно/семејно гласање: ГМ 0277/1 во општина Пласница – 3 случаи на групно гласање, при што гласале 11 лица, ГМ 0279/1, исто така во општина Пласница, 3 случаи со 7 гласа, при што во едниот случај бил присутен претставник на подносител на кандидатска листа. Понатаму, ГМ 0393 во општина Гостивар 9 случаи и 18 гласа, ГМ 0424, исто така во општина Гостивар, 9 случаи и 21 глас, ГМ 2036 во општина Брвеница 6 случаи и 24 гласа, ГМ 1949 во општина Тетово 5 случаи со 12 гласа, ГМ 1991/1 исто така во општина Тетово, 3 случаи со 16 гласа, ГМ 0207 во општина Битола 7 случаи со 16 гласа, ГМ 0882 во Чешиново-Облешево 6 случаи со 13 гласа, ГМ 0900 во општина Кочани 4 случаи со 8 гласа.

–         На самиот влез од месната заедница „Тодор Ангелевски“ во општина Битола во која се сместени ГМ 0047 и 0048 има лица кои ги евидентираат гласачите.

–         Читање на глас на имињата на гласачите е забележано на ГМ 0376 во општина Богданци и на ГМ 2948 и 2951 во општина Бутел.

–         На ГМ 2952 исто така во општина Бутел забележани се повеќе нерегуларности и тоа: 18 случаи на групно гласање при што гласале 42 лица, 1 лице им помогнало на 10 гласачи кои не можеле да гласаат сами и 3 гласачи не биле обележани со видливото мастило.

–         Пред ОУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци во кое се сместени гласачките места 666, 673, 673/1, 674 и 674/1 има група од 7-8 неовластени лица кои вршат агитација и ги евидентираат гласачите. Пред гласачките места 0659, 0663, 0664, 0691 и 0692, исто така во општина Кавадарци, забележани се партиски активисти кои ги евидентираат гласачите.

–         На ГМ 0541 во општина Дебар недостасувала една страница од изводот во Избирачкиот список. Гласањето се одвивало без прекин. За ова била известена ОИК по што страницата која недостасувала била доставена на ГМ од страна на ОИК.

–         На ГМ 0027, 0031, 0035, 0037, 0048, 0054, 0154 и 0161 во општина Битола, ИО издава по 2 гласачки ливчиња без да ги праша гласачите дали сакаат да гласаат за двата изборни процеси.

Поврзани новости