МОСТ: Да се разјасни како ќе се прочистува избирачкиот список

by Фокус

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија (ДИК) ја објави новата интернет страница која нуди опција за проверка на подетални податоци во Избирачкиот список. На овој начин граѓаните за прв пат покрај можност за проверка со внесување на ЕМБГ, имаат можност да ги проверат и останатите податоци во ИС преку внесување на адреса на живеење, како и име и презиме.

„По објавувањето на оваа нова можност за проверка на податоците се појавија индиции за (не)точноста на истите, но и голем број на нејасности на начинот на кој граѓаните можат за ги пријават овие нерегуларности. Имено доколку при проверка во Избирачкиот список објавен на интернет сраницата на ДИК се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците кои ги содржи Избирачкиот список, согласно член 48 од Изборниот законик, став 2, секој граѓанин има право да поднесе барање до Подрачното одделение/канцеларија на Државната изборна комисија за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое ќе приложи и соодветна документација“, информира МОСТ.

Сепак иако е објавена информацијата за тоа дека секој граѓанин може да поднесе барање за промена на податоци во ИС, МОСТ  ја повикува ДИК паралелно да го прецизира „Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список, како и постапката за спроведување на теренска проверка заради ажурирање на истиот“ за граѓаните да ја разберат процедурата и да ја спроведат ефикасно, брзо и едноставно.

Во овој Правилник, смета МОСТ, недостасува упатство за начинот, како и неопходните документи кои граѓаните треба да ги поднесат при различни ситуации кои се појавуваат на ИС, а не се предвидени и опфатени со истиот“, се вели во препораката на МОСТ.

Поврзани новости