МОСТ: Член на избирачки одбор полнел кутија, гласале лица веќе обележани со мастило

by fokus 20:59
20:59

Граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека и во текот на целиот ден продолжија изборните нергуларности како агитација пред гласачките места, како и фотографирање на гласачките ливчиња.

Во Тетово член на избирачкиот одбор од политичка партија откинал 5 гласачки ливчиња и му ги дал на друг член од политичка партија, кој отишол позадипараванот и гласал. Гласачките ливчиња стуткани биле ставени во гласачката кутија.

- Advertisements -

Во општина Центар, на гласач кој имал траги од мастило му било дозволено дагласа. Член на избирачкиот одбор бил отстранет бидејќи не бил запознат со постапкатана гласање и ги обележувал гласачите со спреј на двете раце.

Во општина Аеродром, на местото во Избирачкиот список на гласач кој дошол дагласа веќе било потпишано друго лице. По 10-минутна дискусија на избирачкиот одбор,на   гласачот   му   било   дозволено   да   гласа,   при   што   се   потпишал   на   друго   место  во Избирачкиот список. Во меѓувреме дошол друг гласач кој не бил запишан во Избирачкиотсписок и му било дозволено да гласа во име на негов роднина, по што гласањето билопрекинато 10 минути бидејќи дел од членовите на избирачкиот одбор се побуниле порадитоа.  Во текот на дискусијата редот пред гласачкото место  го воспоставувал партиски набљудувач.

Во општина Кавадарци, гласањето било прекинато 30 минути бидејќи еден гласачго скинал ливчето од член на семејството, сакал да ја искрши и кутијата, но бил спречен од избирачкиот одбор. Гласачот го напуштил гласачкото место со скинатото ливче. Била повикана полиција која направила записник и гласањето продолжило.

Вршење поткуп на гласачи од ромска националност пред училиштето Санде Штерјоски воКичево.   Откако   биле   забележани   од   координаторот   и   мобилниот   тим   на   МОСТ   се префрлиле на друга локација.

К.С.

 

 

Поврзани новости