На едно гласачко место во Богданци член на избирачки одбор на определена политичка партија по телефон и’ ги соопштувал лицата кои се нејзини симпатизери или членови, а кои уште не излегле да гласаат. Откако на ГМ пристигнале набљудувачи од ОБСЕ, ваквата практика престанала, информираат од МОСТ.
Според граѓанската асоцијација на неколку гласачки места е забележано груно и семејно гласање, додека имало случаи и кога гласачите биле читани на глас. Набљудувачите на МОСТ во Струмица забележале лица со списоци кои ги евидентирале граѓаните кои гласаат. Истата појава е забележана и пред новите простории на УЈП во општина Кавадарци.
- Advertisements -