Москва и Пекинг планираат редовно да спроведуваат заеднички воени вежби

by fokus 21:59
21:59

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва и Пекинг планираат редовно да спроведуваат воени вежби, слични на големата, вчера започнатата вежба „Исток“ (Восток).

Шојгу и неговиот кинески колега, генерал Веј Фин денеска го посетија полигонот во Цугол, Сибир, каде во вежбите учествуваат околу 300.000 руски и близу 3.200 кинески војници.

- Advertisements -

Еднонеделните маневри „Восток 2018″ почнаа вчера во области од Сибир и Далечниот Исток, во Арктикот и Тихиот Океан. Во нив учествуваат 1.000 руски авиони и 36.000 тенкови.

За учество во вежбите во Цугол Кина испрати 900 оклопни воени возила и 30 авиони. Во вежбите учествува и монголски контингент.

Поврзани новости