Морскиот лав починал од голтнат камен фрлен од посетител

by fokus

Причина за смртта на морскиот лав во скопската Зоолошка градина бил голтан камен кој му го затнал желудникот, соопштија денеска на прес конференција од Зоолошката градина.

-Овој камен не е возможно на морскиот лав да му го фрли некој вработен. Му го фрлил некој несовесен посетител, а тој го лапнал мислејќи дека е храна, изјави портпаролот на Зоолошката градина, Дане Кузмановски.

На морскиот лав му беше направена обдукција при што биле земени примероци за понатамошни анализи, иако уште на лице место докторите утврдиле дека морскиот лав пцовисал поради тоа што на крајот на желудникот е откриено страно тело кое целосно го затворило и храната не можела да продолжи понатака низ телото.

Поврзани новости