Морбидна снимка: Граѓанин вчера го „погреба“ Илчо Захариев

by Fokus

Морбидно започна вториот дел  од кампањата за локалните избори во Штип, а протагонисти се симпатизери на СДСМ. Имено, лице со име Сафет Али вчера организираше погреб на градоначалникот  Илчо Захариев, пренесува ТВ Стар.

Клипот  веќе кружи и на социјалните мрежи и собира многу негативни коментари, гнев и осуда.

На ваквиот клип реагираше и се уште актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Захариев, кој тврди дека животот му е во опасност.

– Од денеска ќе побарам 24-часовна полициска заштита и во мојот дом и пред Собранието затоа што веќе сите мои предупредувања до највисокиот врв на СДСМ не дадоа резулати – истакна Захариев.

Од ваквиот морбиден чин се огради и кандидатот за градоначалник на СДСМ, Благој Бочварски.

– Јавно сакам да се оградам од било каков вид на говор на омраза кон моите политички опоненти. Вакви ниски подметнувања и спинови се својствени единствено на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту јас ниту било кој функционер на СДСМ нема никогаш да се служи и да користи вакви морбидни шеги. Говорот на омраза е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата кампања. ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ги поделија и раскараа нашите граѓани. СДСМ е победник на овие Локални избори и нема да дозволи никој да фрли дамка врз нашата позитивна кампања – напиша Бочварски на својот фејсбук профил.

Поврзани новости