Морбидна поезија од патриотите

by fokus

Фотографија на која што повозрасен маж позира со плакат на кој што е испишана морбидна порака се појави денес на социјалните мрежи.

„Муртинско копиле,

Ти најдов поп,

Ти ископав гроб.

Бате Геле’’

– се морбидните стихови испишани со ритам и рима, а покрај кои што е истакната фотографија на лидерот на СДСМ Зоран Заев, покрај која што позира, штипјанецот Ангеле Зафировски. Тој е автор на две книги за како што ги нарече за „првото премиерското семејство“ – едната за Никола Груевски, додека втората за внуците на Јордан Мијалков – Сашо и Влатко Мијалкови.

Повиците на насилство и на линч, и говорот на омраза,  кои што се доста актуелни во изминативе денови, и кои на крај завршија со физички напад на медиумски работници синоќа, ги осудија огромен број на граѓани, но и здруженија.

СДСМ апелираше и ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокациите и да останат мирни, на браникот на демократските процеси.

Вики Клинчарова

Поврзани новости